Министерството за здравство денеска ќе ја презентира платформата „Мое здравје“ која, како што најави, ќе им овозможи на сите граѓани да имаат лесен пристап и увид во личните здравствени податоци.
-Апликацијата вклучува едукативен и интерактивен пристап кон здравственото досие на секој корисник и дава можност да се има увид во дијагностичките анализи, упатите за специјалистички прегледи, вакцините и сертификатите за вакцинација и други информации во форма на лично здравствено досие. Во рамки на ова дигитално решение ќе бидат овозможени и детални информации за сите извршени здравствени услуги, најавува МЗ.
На презентацијата ќе се обратат министерот за здравство Фатмир Меџити и Жаклина Чагороска од Управата за електронско здравство.