Доделени наградите за најдобрите ученици од конкурсот посветен на Св.Кирил и Методиј

kiril i metodij nagradi
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Со доделување на наградите и дипломите на првонаградените ученици од конкурсот „По вашите стапки чекориме” во Европската куќа Крива Паланка беше одбележан денешниот Ден на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј.

Конкурсот во организација на библиотеката „Кочо Рацин” на Националната установа Центар за култура Крива Паланка, се одржа во соработка со Сојузот на просветни работници на Северна Македонија, а на истиот пристигнале околу 80-тина творби од основните училишта ширум земјава.


-Денот на стожерите на словенската писменост, светите браќа Кирил и Методиј, го одбележавме со свечено врачување на наградите на најуспешните млади писатели на литературниот конкурс „По вашите стапки чекориме“. Со поезијата напишана од перото на младите прошетавме низ богатата историја на словенските јазици, првото словенско писмо, глаголицата, и создавањето на кирилицата каква што ја користиме денес, информираат од Европската куќа Крива Паланка.

Лариса Жулина-Митовски, координатор на конкурсот, рече дека се одржува втора година по ред, во чест на просветителите солунските браќа, Кирил и Методиј, но и во чест на еден од првите учители и просветители на народен македонски јазик, што дејствувал и учителствувал токму во Крива Паланка, свети Јоаким Крчовски.

Наградени на годинашниот конкурс се ученици и ученички од Велес, Крива Паланка, Тетово, ментор, Соња Трифуновска, Софија Младеновска, ООУ Јоаким Крчовски, Крива Паланка, Куманово.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK