Приведен гевгеличанец кој се обидел нелегално да внесе поголема количина цигари без документација

cigari
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Полицијата денеска на граничниот премин Богородица приведе едно лице од Гевгелија кај кого пронашле и одзеле 272 штеки различни видови цигари без документација со вкупна вредност од околу 300 илјади денари.

-На Граничен премин Богородица, при контрола на патничко возило „опел вектра“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Н. М. од Гевгелија, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица пронашле и одзеле 272 штеки различни видови цигари без документација со вкупна вредност од околу 300 илјади денари, соопшти МВР.


За настанот бил известен Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против Н. М. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK