Шолц: Германија не може на компаниите во недоглед да им ја субвенционира енергијата

struja-germanija
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Германија не може да си дозволи да субвенционира енергија за индустријата на неодредено време, предупреди канцеларот Олаф Шолц, отфрлајќи го повикот на здружението на индустриски компании да ја заштити нивната конкурентност и да им гарантира долгорочна помош.

-Не може индустријата вечно да добива субвенции. Тоа не функционира во ниту една земја, така што не би функционирало ниту овде, рече Шолц на економската конференција во Берлин.


„Мораме да се погрижиме да имаме поевтини производствени капацитети (…)“, потенцираше канцеларот.

Планот на министерот за економија Роберт Хабек за воведување субвенционирана цена од шест центи за киловат час (kWh) до крајот на деценијата беше критикуван од министерот за финансии Кристијан Линднер, кој вели дека буџетот тоа не го дозволува.

Пред речиси една недела, Здружението на германската индустрија (BDI) ја повика владата да им обезбеди на компаниите долгорочна заштита од високите цени на енергијата, предупредувајќи на заканата за конкурентноста.

„БДИ очекува владата брзо да излезе со план што ќе гарантира сигурно снабдување со енергија на долг рок, по меѓународно конкурентни цени“, наведува здружението.

Паралелно со брзото проширување на обновливите извори на енергија и зелената инфраструктура, потребни се долгорочни решенија за да се направи електричната енергија поатрактивна за компаниите и граѓаните, што би поттикнало трансформација, потенцираат оттаму.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK