МТСП: Погрешен е пристапот за добивање на ситни политички поени на грбот на децата

mtsp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Остро го дематираме и отфрламе написот на градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски дека вработени во министерството за труд и социјална политика се под силен притисок на раководството за донесување на незаконски одлуки за одземање на ингеренциите ЈОУГД „Детска радост“ – Гази Баба.

Ниту еден вработен во Министерството за труд и социјална политика кој е поврзан со инспекциски надзор, ниту одговорен во делот на детска заштита не користи боледување во овој момент.


Исто така институцијата посочува дека вработените се докажани професионалци во својата област,
без никакви особини да потклекнуваат на притисоци од било која страна, посебно не од страна на министерката која е нивна долгогодишна колешка.

Сите акти кои ги носи министерството за труд и социјална политика се поткрепени врз основа на закон, додека политичката борба и политиканство на грбот на децата и детската заштита води токму градоначалникот, на општина Гази Баба, Бобан Стефковски.

Одземените надлежности на градоначалникот се резултат на прекршување на законот од страна на управниот одбор на ЈОУГД „Детска радост“ – Гази Баба и на прекршување на законот од страна на градоначалникот, Бобан Стефковски, при водење постапка за разрешување на директор.

Министерството за труд и социјална политика апелира, градоначалникот Бобан Стефковски да прекине да шири лажни вести и дезинформации и при тоа да создава конфузија и немир помеѓу родителите на децата кои се згрижени во ЈОУГД „Детска радост“ , а сето тоа за ситни политички поени по што и е препознатлив.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK