Професорот Дaн Шехтман, добитник на Нобелова награда по хемија за квазикристали во 2011 година, денеска во 10 часот ќе одржи предавање на Природно-математичкиот факултет (ПМФ).
Предавањето под наслов: „Technological Entrepreneurship – Key to World Prosperity and Peace“ ќе се одржи во Амфитеатарот на Институтот за хемија при ПМФ, а може да се проследи во живо и на следниот линк https://www.youtube.com/watch?v=b5KzJTOwl14.
-Во текот на изминатите неколку децении сме сведоци на промена кон националните политики кон
поттикнување на иновациите и технолошкото претприемништво. Повикот за повеќе инвестициите во претприемништвото одекнуваат низ целиот свет бидејќи станува јасно дека освен за неколку земји, природните ресурси како нафтата и минералите не се доволни за одржливи економии, додека човечката генијалност е навистина најважниот, одржлив природен извор. Значи, има ли надеж за сите во светот да ги подобрат своите животи? Може ли технолошкото претприемништво да биде мотивирано и да се учи така што генерациите на решени претприемачите ќе изградат просперитетни економии? Јасниот одговор на двете прашања е „да“ и се започнува со образованието општо, и особено сонаучно-техничкото образование, вели меѓу другото во најавата за предавањето на проф. Шехтман.
Ова е прв пат нашата земја да ја посети Нобеловец од областа на природните науки.
Шехтман кој од вчера е во повеќедневна посета на земјава во четврток ќе одржи пленарно предавање и ќе ја отвори Првата конференција за материјали во Македонската академија на науките и уметностите.
Предавањето насловено Quasi-Periodic Materials – A Paradigm Shift in Crystallography ќе се одржи (на 25 мај) во 9:15 часот во амфитеатарот на МАНУ, на покана од Организациски одбор на Првата конференција за материјали во МАНУ.
Ден Шехтман е професор по наука за материјали на „Филип Тобијас“ Технолошкиот институт Технион во Израел, соработник е на Националната лабораторија Ејмс на Министерството за енергија на САД и професор по наука за материјали на Државниот универзитет во Ајова.
На 8 април 1982 година, додека бил на работа во Националното биро за стандарди на САД во Вашингтон, Шехтман ја открил икозаедралната фаза, која го отворила новото поле на квазипериодични кристали.
Тој беше награден со Нобеловата награда за хемија во 2011 година за откривање на квазикристали, што го прави еден од шесте Израелци кои ја добиле Нобеловата награда за хемија.