Ристевска: Квалификуваната работна сила и брзите постапки пресудни ABEE да инвестира во Македонија

ristevska
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Квалификуваната работна сила и брзината со која се одвивала комуникацијата со надлежните институции во Северна Македонија биле пресудни белгиската компанија „Avesta Battery and Energy Engineering“ (ABEE) да одлучи да инвестира во земјава, открива Ангела Ристеска, која работи во оваа компанија и по чија иницијатива е воспоставен контакт со македонските власти.

Во разговор за МИА, Ристевска открива дека биле мапирани неколку држави и разгледани повеќе опции.



– Разговаравме со македонската Влада и со претставници на технолошко-индустриските развојни зони и заклучивме дека има добри можности за инвестиции. Бевме многу задоволни од брзината со која се одвиваше начинот на комуникација и тоа беше една од причините зошто се одлучивме за Македонија. Сакавме процесот што побрзо да започне и тоа беше клучно за нас затоа што сакаме побрзо да започнеме со работа, вели Ристевска.

Ристевска, која е назначена за директорка на компанијата што ќе биде отворена во Северна Македонија, најавува дека покрај отварањето на новите работни места за кои просечната бруто плата ќе биде околу 1.500 евра, ќе донесат и нови технологии.

Покрај BMS (Battery Energy Sistem), компонентата за батериите што ќе се произведува во Македонија, би сакале и другите проекти коишто се работат и се поврзани со поинаков тип на технологија да ги донесеме во Македонија и на некој начин државата да се мапира на пазарот на производство на батерии посебно за батерии за електрични автомобили и батерии за стационарна потреба односно батерии што се користат за енергијата за обновливи ресурси, вели Ристевска.

Договорот со ABEE беше потпишан вчера во белгиското гратче Нинов. Во првата фаза ќе бидат инвестирани 10 милиони евра и планирано е да се отворат околу 200 работни места, а во наредните три до четири години вкупната инвестиција да достигне до 40 милиони евра и да бидат отворени над 600 работни места. Фабриката ќе се гради во ТИРЗ Кичево, а според плановите на компанијата, активностите за градба би започнале кон почетокот на следната година и би завршиле до крајот на годината или почетокот на 2025 година. Надлежните во земјава очекуваат дека државната помош што ќе и биде дадена на компанијата, за четири до пет години ќе биде вратена во Буџетот само по основ на персонален данок и данок на добивка.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK