Претпладне сончево, попладне локален пороен дожд и град

vremenska-oblacno
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Времето денеска претпладне ќе биде сончево со умерена облачност, а пладне нестабилно со локален пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13, а максималната ќе достигне од 21 до 28 степени Целзиусови.

Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност, попладне со услови за пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне 27 степени.


Следува период на променливо облачно и топло време, во попладневните часови наместа нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер и услови за изолирана појава на невреме со силен ветер и појава на град.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK