Шпанската Ла Лига има проблеми со расизмот, рече тренерот на Реал, Карло Анчелоти, по немилите сцени кои го одбележаа вчерашното дерби меѓу Валенсија и клубот од Мадрид.
Валенсија победи со 1-0, а во финишот на тензичниот натпревар фудбалерот на Винисиус беше исклучен поради удирање противнички играч.
Бразилскиот фудбалер во текот на целиот натпревар се жалеше на расистички навреди од трибините на стадионот „Месталја“, а во еден момент на телевизиските камери можеше да види како се обраќа кон својата клупа дека веќе не сака да игра.
„Тоа што се случи во неделата, веќе ни се случуваше, но, не на овој начин. Шпанската лига има проблеми со расизмот. Винисиус не е проблем, Винисиус е жртва“, рече Анчелоти на прес – конференцијата по натпреварот.
„ Кога Винисиус доби црвен картон, целиот стадион почна да пее „мајмуне, мајмуне“. Многу сум тажен“, порача тренерот на Реал.