Излезноста на парламентарните избори во Грција до 13:30 часот 31,52 отсто

grcija_izbori_34532434
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Во 80 отсто од гласачките места во цела Грција, заклучно со 13-13:30 часот, односно шест до шест и пол часа од почетокот на гласањето, излезноста на парламентарните избори е 31,52 отсто согласно официјалните податоци од Министерството за внатрешни работи на Грција, надлежно за изборниот процес, јави дописничката на МИА од Атина.

Генералниот секретар во Министерството, Михалис Ставрианудакис, соопштувајќи ги податоците рече дека излезноста е од 16.520 гласачки места, односно 80 отсто од вкупниот број.


Оваа година, прв пат во Грција се соопштуваат податоци за излезноста додека е во тек гласањето на граѓаните.

Следните податоци ќе бидат соопштени околу 17 часот.

Првите официјални резултати од денешните избори, Министерството за внатрешни работи се очекува да ги објави околу 21 часот по локално време.

Два часа претходно, штом се затворат гласачките места, медиумите во соработка со агенциите за рејтинг ќе објават предвидување на изборниот резултат, односно т.н exit polls, кои доста често го најавуваат победникот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK