На кандидатските листи во Грција седум Албанци, со право на глас 160 илјади

grcija_izbori_3543534
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– На денешните парламентарни избори во Грција, на кандидатските листи се седум Албанци, јави abcnews.al.







– Еден од нив е и Фатос Малај кој е на листата на ПАСОК. Тој вели дека е многу важно Албанците во Грција да излезат што помасовно и да гласаат за кандидатите Албанци за да им дадат можност да ги реализираат барањата на емигрантите, наведува телевизијата.

Според него, правото на глас денеска на изборите во Грција треба да го остварат 160 илјади, само во Атина 9.000 Албанци.

– Не е само моја програма, туку и на партијата што ја претставувам, а тоа се промената на имиграцискиот код, промената на добивањето државјанство за првата генерација. Исто така олеснување на стекнување државјанство за втората генерација и стекнување пензија за првата генерација, вели тој.

Во Грција живеат и работат околу 500 илјади албански граѓани, поголемиот процент заминати веднаш по падот на тоталитарниот режим во Албанија.

Според Топ чанел, Фатос Малај и Нико Билика се на листата на  партијата ПАСОК, едниот во Атина, а другиот во Солун. Тројца други кандидати Адиљан Коџај, Макрина Кочи и Анѓелос Јахолари се на листата на партијата „Сириза“ во Солун и Евија.

Сидорела Калти се кандидира за грчката комунистичка партија на Крит, а Пети Вардами во Атина со иницијативата „МЕРА 25“.

-Најголем дел од кандидатите од албанската заедница се талентирани млади луѓе од втората генерација имигранти кои се школувале во Грција и Англија и биле вклучени во грчкиот политички живот, наведува Топ чанел.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK