Пригожин: „Вагнер“ ќе ја предаде контролата врз Бахмут на руската армија на 25 мај

prigozin 1
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Шефот на приватната воена компанија „Вагнер“, Евгениј Пригожин изјави дека таа на 25 мај ќе ја предаде контролата врз Бахмут на руската армија, пренесоа светските агенции.

„До 25 мај ние целосно ќе го пребарaме градот, ќе создадаме одбранбени позиции и ќе го предадаме на војската да се грижи за него“, рече Пригожин во видеото што неговата прес-служба ја објави на каналот Телеграм.


„Ние ќе се вратиме во базите“, додаде тој.

Претходно денеска Пригожин изјави дека неговите сили целосно ја презеле контролата над градот. После тоа, украинската армија го демантираше „Вагнер“ дека го зазела целосно градот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK