По петти пат денеска во Куманово се одржа „Графити фест“.
Организаторите, Здружението за ликовна уметност „Форма“ информираа дека на фестивалот учествуваа уметници од државата, од Србија,Бугарија,Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија и Турција.
Оваа година се цртаа графити на објекти на улицата „Лесковачка“ во населбата Гоце Делчев. Членовите на оваа здружение, веќе неколку години на различни локации во градот, им даваат нов урбан лик на објектите, искажувајќи го својот уметнички дух.
Фото: Општина Куманово