– На годинешново осмо издание на КРИК – фестивал за критичка култура, во организација на Контрапункт, кој е тематски насловен „Заробени во слободата“, гостува Мaргрет Гребович која вечер во 20 часот во просториите на КСП Центар Јадро, ќе одржи предавање проследено со дискусија на тема „Изумот на збогатувањето: кучиња, луѓе, храна и работа“.
Фокусот на професорката Гребович е континенталнaта филозофија. Таа ги истражува еколошката имагинација и желба. Гребович е особено заинтересирана за дивината, јавните земјишта, дивите животни и чувањето миленичиња. Во изминатите две години таа спроведува теренско истражување на јужната граница на САД, пишувајќи за миграцијата и зачувувањето. Таа го основала и сѐ уште, уредува серијалот Practices за Duke University Press, што содржи текстови за јавноста, од широк спектар на научници и практичари.
Гребович е автор на книгите: Rescue Me: On Dogs and their Humans (2021), Mountains and Desire: Climbing vs. Beyond the Cyborg: Adventures with Donna Haraway (2015, коавтор со Хелен Мерик) и Why Internet Porn Matters (2013). Маргрет Гребович, исто така, е уредничка на Lyotard и Critical Practice (2021) и Still Seeking an Attitude: Critical Reflections on the Work of June Jordan (2004) и на Gender After Lyotard (2007) и SciFi in the Mind’s Eye: Reading Science Through Science Fiction (2007).
Нејзините тековни авторски проекти ја вклучуваат книгата Foraging, во чиј фокус е потрагата по печурки и уште една книга за националните паркови на границата, насловена The Border Sublime.
Гребович е родена во Полска и моментално е ангажирана на Универзитетот во Силесија во Полска.