Преговорите за подигнување на лимитот на американскиот долг ставени „на пауза“

dolar_Amerika_#$53454
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Преговорите за подигнување на горната граница на американскиот долг привремено се прекинати поради несогласувањата меѓу републиканците во Претставничкиот дом и админситрацијата на претседателот Џо Бајден.

Претставникот на републиканците во преговорите Герет Грејвс изјави дека е време „да се направи пауза“ бидејќи последниот преоговарачки состанок не би продуктивен. Грејвс оцени дека прегворите станале „неразумни“ и оти е нејасно кога ќе продолжат.


И претставник на Белата куќа потврдил дека постојат „реални разлики“ меѓу партиите за буџетското прашање и оти „понатамошните разговори ќе бидат тешки“.

– Тимот на претседателот Бајден работи напорно на „разумно заедничко решение“ што може да помине и во Претставничкиот дом и во Сенатот, истакнал претставникот на Белата куќа.

Министерството за финансии на САД предупреди дека постои сериозен ризик за понатамошно исплаќање на државниот долг ако не се постигне договор за зголемување на границата за задолжување, која сега изнесува 31 трилиони долари. Крајниот рок за тоа е 1 јуни. Преговарачите веќе три дена зад затворени врати во Капитол се обидуваат да постигнат договор до крајот на викендов, за да може да биде изгласан во Претставничкиот дом следната недела, пред 1 јуни.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK