Претседателството на ДУИ денес ја разгледа актуелната политичка состојба во земјата. Една од точките на разговор беше и посетата на САД на премиерот Ковачевски и министерот за надворешни работи Бујар Османи и разговорите кои претставниците на Владата ги водеа со американскиот државен врв.
Посетата едногласно беше оценета како исклучително значајна и успешна.
Средбите во САД се одржаа во клучно време кога се прават напори за иднината на државата и се носат важни одлуки за граѓаните.
На сите средби со највисокиот врв на американската држава беше добиена целосна и јасна поддршка за европскиот пат по кој земјата решително оди.
Позитивните пораки од американската Влада се резултат на довербата во посветеноста на Владата на Северна Македонија на демократските принципи и европската интеграција. Нашата држава е препознаена како фактор на регионална стабилност, а односите со САД се на историски највисоко ниво.
Претставниците на Соединетите Американски Држави ги препознаваат и поддржуваат напорите за исполнување на ригорозните критериуми на ЕУ и посветеноста во спроведувањето на виталните реформи во сите сегменти. Пораките од нашите стратешки партнери се потврда и за правилната политика и правец кој ДУИ доследно и бескопмпрмисно го следи.
Ги повикуваме сите политички партии и пратеници да се приклучат и дадат поддршка за европската иднина на земјата. Ова се историски моменти за иднината на земјата, време е за лидерство и храброст.
ДУИ уште еднаш упатува длабока благодарност до Владата на Соединетите Американски Држави и европските партнери за досегашниот ангажман и соработка.