Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден денеска додаде уште 71 компанија и организација на црната трговска листа на САД, поради поддршка на Русија.
Мерките што ги презема Министерството за трговија во Вашингтон се насочени кон компании и организации што ја поддржуваат руската војска. Новите ограничувања се насочени кон 69 деловни организации поврзани со Русија, како и по една од Ерменија и Киргистан.
Се зајакнуваат извозните контроли поврзани со проектите за нафта и гас во Русија и Белорусија, објави американското Министерство за трговија. Мерките се дел од новите санкции наметнати од САД и други земји кон Москва како одговор на нејзината инвазија врз Украина.