Отворањето на Драмскиот аматерски фестивал во Кочани на 22 мај со перформансот „Театарот е жив“

dramski kocani
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Годинашното 60. издание на Драмскиот аматерски фестивал (ДАФ) во Кочани ќе се одржи од 22 до 27 мај , а фестивалската управа го објави репертоарот на претставите што ќе учествуваат во натпреварувачката и ревијалната програма.

Како вовед пред отворањето на Фестивалот, кој и годинава има меѓународен карактер, в понеделник во 18 часот во Паркот на Револуцијата ќе биде изведен театарско-музичкиот перформанс „Театарот е жив“. Два часа подоцна е свеченото отворање и гостувањето на театарот „Јордан Х. К. Џинот“ од Велес со претставата „Синиот портокал“, во режија на Александар Ивановски.


– Во напреварувачкиот дел на овогодишниот јубилеен ДАФ ќе настапат десет театри и театарски групи од Кавадарци, Кочани, Скопје и Тетово, потоа од Прокупље, Ниш и Шид од Република Србија, како и од Вуковар од Република Хрватска. Освен актерите од театарот од Велес, надвор од конкуренција ќе учествува и театарска група од Истанбул, Турција, со претставата „Дневникот на лудиот“. Изборот на претставите го направи селекторот Игор Џамбазов, а освен во редовниот вечерен термин, две претстави кои се во категоријата за деца и млади, в четврток и петок ќе бидат прикажани во пладневниот термин, истакна Кристина Атанасова Арсова, претседателка на Управниот одбор на ДАФ.

По неколку години организирање на алтерантивни локации поради реновирањето на големата сала, сите претстави на Драмскиот аматерски фестивал од годинава се враќаат во Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани.

Претставите во натпреварувачкиот дел ќе конкурираат за наградите за најдобра женска и машка епизодна и главна улога, за најдобра режија, за истражување нови сценски изразни средства и експеримент во аматерскиот театар, специјална награда за најдобра претстава во категоријата театар за деца и младинци и гран при „Васил Ќортошев“. Прогласувањето на најдобрите и доделувањето на наградите ќе биде в недела од 18 часот во Паркот на Револуцијата, по што рок концерт ќе одржи Јордан Манов Бенд.

Организирањето на ДАФ е со финансиска поддршка од Министерството за култура, од Општина Кочани и со донации од стопанските претпријатија во регионот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK