Во Крива Паланка тактичко показна вежба за укажување прва помош и спасување од височина

kriva pal
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во пресрет на Денот на пожарникарите – 20 Мај, денес во основното општинско училиште „Илинден“, Крива Паланка, во заедничка организација на Општинската организација на Црвен Крст Крива Паланка и Територијална Противпожарна Единица Крива Паланка, се одржа тактичко – показна вежба за укажување прва помош и спасување од височина.







Воедно, се одржа и општинскиот натпревар по прва помош на кој беше избран победничкиот тим што ќе учествува на Државниот натпревар во Скопје.

Пред присутните се обрати градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, кој упати честитка до победниците, а го честиташе и утрешниот Ден на пожарникарите, 20 Мај.

– Двете служби, најголемата, хумана организација, Црвен крст и  ТППЕ Крива Паланка, се секогаш каде што е потребно, се грижат за спокојство на граѓаните, ги опслужуваат и помагаат. Во име на Општина Крива Паланка и мое лично име, упатувам благодарност за добрата соработка, за поддршката на настаните и активности во организација на општината од нивна страна.

Општината постојано е посветена на проекти за грижа на населението заедно со Црвен крст Крива Паланка, што наскоро кулминира и со најновиот проект „Дневен центар за престој за стари лица“, а со ТППЕ, соработката вроди со доекипирање на службата, подмладување на единицата, доопремување. Грижата за граѓаните е на прво место, секој граѓанин на Крива Паланка е приоритет во работењето на службите и локалната самоуправа, изјави Митовски.

На настанот беше доделено и признание за најдобар млад пожарникар кое му припадна на Марио Митовски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK