Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ, 23 мај – Националниот ден на Власите е неработен ден за граѓаните припадници на влашката заедница во Република Македонија.
Од МТСП информираат дека 24 мај – Денот на сесловенските просветители „Св. Кирил и Методиј“ е неработен за сите граѓани на Република Македонија.