Шаќири: Го јакнеме мировното образование, децата од најрана возраст треба да се учат на неконфликтно однесување

jeton sakjiri
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Мировното образование е составен дел на воспитно-образовниот систем, а веќе 13 години Министерството за образование и наука соработува со Детската амбасада Меѓаши во реализацијата на Програмата „Peace Education“. Во обуките за ненасилна комуникација, тимска работа и превенирање на насилство и конфликти досега се вклучени 200 наставници од 14 училишта во државата од осум градови.







Како што соопштија од Министерството за образование и наука, ова се дел од темите на кои разговараа на денешната средба министерот за образование Јетон Шаќири и претседателот и основач на Меѓаши Драги Змијанац.

Министерот Шаќири нагласил дека мировната компонента на образованието треба дополнително да се зајакне, како одговор на актуелните случувања во регионот и заложбите за училиштата како сигурни места за одвивање на воспитно-образовниот процес.

– За таа цел, во завршна фаза е изработката на модулите за мировно образование, што ќе се реализираат од учебната 2023/2024 година. Исто така, Министерството работи на проширување на програмите за обуки на наставниците, во делот на професионалните компетенции за мировно образование, се наведува во соопштението.

Шаќири и Змијанац се согласиле дека е исклучително важно децата од најрана возраст да стекнуваат вредности, знаења, ставови, вештини и однесувања кои ќе им помогнат да спречат појава на конфликти и, доколку се случат, да ги решаваат на мирен начин. 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK