Во текот на мај, од страна на Еко-патролата при ЈП Комунална хигиена-Скопје, изготвени се вкупно 20 едукативно-информативни записници за лица кои се затекнати при неправилно одлагање градежен и кабаст отпад на улиците „Дрезденска“ во општината Карпош и „Антон Попов“ во општината Кисела Вода, како и на улиците „Август Цезарец“, „Методија Митевски“, „Џон Кенеди“, „Васил Главинов“ и „Благоја Паровиќ“ во општината Чаир, булеварот „АСНОМ“ и улицата „Венијамин Мачуковски“ во општината Аеродром.
Од ЈП Комунална хигиена-Скопје информираат дека еко-патролата секојдневно врши засилен надзор на дваесетина локации во сите скопски општини каде што е забележано континуирано непрописно одлагање отпад на јавни и сообраќајни површини.