Г7 со нови санкции за руските дијаманти

sankcii
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Г7 објави планови за ограничување на трговијата со дијаманти со Русија во обид да ги намали приходите што ја финансираат тековната војна на Москва против Украина.

Лидерите на земјите-членки на Г7 денеска на првиот ден од Самитот во Хирошима ги објавија новите санкции кон Русија, во обид да се намалат приходите на Москва со кои се финансира војната во Украина.


Новите санкции се насочени кон руските дијаманти, но во заедничката изјава не се наведе детали за функционирање на мерките.

Според извори од ЕУ, ќе се користи технологија за трагање по дијаманти со која ќе се спречи руските дијаманти да се препродаваат преку други земји како Индија или Обединетите Арапски Емирати.

Трговијата со руски дијаманти во ЕУ веќе е намалена за околу 80 проценти, како резултат на доброволни обврски. Но, сè уште нема формални ограничувања на ЕУ за руските дијаманти, делумно поради отпорот на Белгија, главниот глобален центар за трговија со дијаманти.

Русија е најголемиот светски производител на небрусени дијаманти. Трговијата со скапоцени камења е важна индустрија за земјата и значаен извор на приход. Руската државната групација за ископување дијаманти „Алроса“ во 2021 година имаше приходи од 332 милијарди рубљи (околу четири милијарди долари).

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK