Зеленски со авион на француската Влада патува на Самитот на Арапска лига и на Самитот на Г7

zelenski
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски патува со авион на француската Влада на Самитот на Арапска лига, што се одржува во Саудиска Арабија. Тој со истиот авион потоа ќе отпатува на Самитот на Г7, што се одржува во Хирошима, изјави неименуван украински претставник
Од Марина Илиевска
12:49, 19 мај, 2023
Зеленски со авион на француската Влада патува на Самитот на Арапска лига и на Самитот на Г7







Киев, 19 мај 2023 (МИА) – Претседателот на Украина, Володимир Зеленски патува со авион на француската Влада на Самитот на Арапска лига, што се одржува во Саудиска Арабија, изјави неименуван украински претставник.

Според него, Зеленски со истиот авион потоа ќе отпатува на Самитот на Г7, што се одржува во Хирошима,

Зеленски денеска ќе присуствува на Самитот на Арапска лига, со цел да лобира кај сојузниците и земјите кои сè уште се неутрални за руската инвазија врз Украина.

Украинскиот претседател на Самитот на Г7 ќе побара воена помош.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK