Во текот на вчерашниот ден во спроведената засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, санкционирани се 259 возачи.
Од нив, 11 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, како што соопштија денеска од МВР, 155 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 104 надвор од населено место.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.