Отворена изложбата на ликовниот уметник Горан Боев во Вински музеј Кавадарци

izlozba
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Слики портрети, пејзажи и апстракција, во акрил и комбинирана техника, се дел од изложбата на академскиот ликовен уметник Горан Боев, која денеска беше отворена во Вински музеј Кавадарци.

Директорката на музејот, Весела Честоева појасни дека настанот е во чест на одбележувањето на 18 мај, меѓународниот ден на музеите, со поддршка од градоначалникот и Совет на општината Кавадарци.


– Континуираното зголемување на бројот на посетители на музејот, е доказ дека презентирањето на богатото историско, традиционално и културно наследство, го наоѓа патот до сите оние коишто ги почитуваат вистинските вредности, нагласи Честоева.

Марјонка Андоновска, наставник, педагог и поетеса од Неготино, рече дека ликовите, предметите и природата во сликите на Боев, имаат една шаренолика глазура.

– Таа е надворешна, но како да извира од внатрешноста на луѓето, предметите, животните, тревата, растенијата, додаде Андоновска.

Пред присутните се обрати и Боев, а настанот беше збогатен со музичка изведба од претставници од основното музичко и балетско училиште „Лазо Мицев – Рале“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK