Јаревски: Лукративен, несериозен и коруптивен е односот на власта кон проектот со коридорите

Toni Jarevski
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Несериозен, лукративен и коруптивен однос што го има власта кон проектот со коридорите е не дозволив, истакна пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Тони Јаревски во вечерашното гостување во емисијата „24 Анализа“ на Телевизија 24.

„Има закон со кој се суспендира државата, институциите и постоечките закони. Нашата основна интенција сега е да се користат постоечките законски решенија, бидејќи во тие законски решенија има скратени постапки“, рече Јаревски.


Тој додаде дека и ДКСК отвори предмет бидејќи има сериозен предмет за криминал и корупција.

„Реакцијата од комората на архитекти и инженерски велат дека со кратење на постапките истите стануваат нетранспарентни што е основа за корупција а со преиначување на постапките се нарушува професионалниот пристап во инженерски дел на објектите, кажа Јаревски.

Јаревски истакна дека за вакви високобуџетски инвестиции од стотици километри коридори мора да ги поминат сите механизми на контрола од страна на инженерски професионални и институционални филтри

Тој заклучи дека ЈПДП согласно склучениот договор што они го нарекуваат инвеститор, имаат потпишано договор за минерални суровини и дадено постапка без концесија а тие немаат регистрирана дејност.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK