– Здружението за напредок, поддршка и одржлив развој на жени „Епл три“ од Скопје, кое го имплементира проектот „Глас и ехо – креирање подобри услови за родово одговорно буџетирање во општина Чаир“, во рамки на ЕУ проектот „Низ женски леќи: покревање на политики и буџетски инициjативи, следење на спроведувањето на локалните акциски планови за родова еднаквост“, вчера и денеска, во просториите на Општина Чаир одржа две обуки за родово одговорно буџетирање.
Воедно се основаше и меѓуресорна работна група, чии членови се претставници од општината, други засегнати институции и организации, како и од НВО и бизнис секторот од општина Чаир.
Преку меѓуресорната работна група, како што информираат од здружението, се предвидува поднесување и реализација на иницијативи, во рамки на проектната акцијата која здружението ЕПЛ ТРИ тековно ја имплементира.