Започна изградбата на системот за наводнување Колибари вреден 110 милиони денари

kolibri
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски заедно со заменик министерката, Вјолца Бериша, државниот секретар Реџаил Исмаили, директорот на Управата за водостопанство Исни Јакупи и градоаначлникот на општина Кичево, Фатмир Дехари денес го означија почетокот од изградбата на системот за наводнување Колибари-Црвивци.

-Една од нашите главни цели како министерство е зголемувањето на домашното производство на храна и ставањето во функција на секоја една педа обработлива земјоделска површина. Оваа цел можеме да ја постигнеме само со големи и сериозни инвестиции во системите за наводнување. Нема стабилно земјоделство без доволни количини вода, истакна Николовски.


Тој истакна дека капиталните инвестиции во водостопанството се еден од пет приоритети на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за оваа година и додаде дека 884,9 милиони денари од буџетот на министерството се наменети кон Управата за водостопанство за да може навремено да се реализааат планираните капитални проекти во делот на водостопанството.

Систем за наводнување Колибари-Црвивци се наоѓа во југозападниот плански регион во општина Кичево и опфаќа површина од 160 хекатари обработливо земјоделско земјиште од селата Колибари и Црвивци. Вредноста на оваа инвестиција изнесува 110 милиони денари, средства од буџетот на МЗШВ, стои во соопштението на Министерството.

Оваа инвестиција обезебедува квалитетна вода и редовно наводнување на земјоделските површини, поттикнувајќи производство на продуктивни култури и одржливо сточарско производство.

Наводнувањето на системот доаѓа од водите на Зајашка Река, која има просечен годишен протек проценет на 1,51 l/s, додека во летниот период расположливата вода достигнува до 400 l/s, а ќе се користи и за системот за наводнување Зајас 2.

Николовски истакна дека новиот систем за наводнување ќе биде под притисок за да се овозможи интензивно квалитетно наводнување на земјоделските култури во Проектното подрачје. Локацијата на конструкциите за пренасочување беше направена според потребните хидродинамички притисоци потребни во мрежата за да се овозможи наводнување под притисок. Системот за наводнување нема да користи пумпи, односно ќе биде базиран на гравитација, се додава во соопштението.

-Инвестираме во сите региони и се грижиме за сите земјоделци. Ова е шестти по ред систем за наводнување по Славишко Поле, Конопница, Теарце, Чаушица и Пишица, а за оваа година предвидуваме почеток со изградба на уште два система за наводнување во Сопот и Новаци. Сите овие системи целосно се финасирани од страна на Европската Унија со вкупна поддршка од над 10 милиони евра, додал Николовски, стои во соопштението.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK