Матурско дефиле и бал на градскиот плоштад во Крива Паланка

matursko defile
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Младешка енергија, ведрина и радост денес завладеаја во Крива Паланка со „Матурско дефиле“, бал и забава за 130- те ученици од завршна година во средното општинско училиште „Ѓорче Петров“ од градот.

Градоначалникот, Сашко Митовски, кој е иницијатор за ваквиот вид одбележување за првпат во општината, ги поздрави матурантите, честитајќи им го, како што рече, заокружувањето на едно од најубавите поглавја во животот.


-Младите се потенцијалот на општината, движечка сила на општеството и токму затоа, само за нив, за првпат организираме вакви настани и вложуваме во нивните прекрасни и незаборавни спомени, рече Митовски.

Им посака да бидат прваци во трката со животот, секогаш победници во натпреварот во кој ќе се натпреваруваат со самите себе, да бидат подобри секој нов ден.

-Усвојувајте знаења и вештини со силна воља која поместува и планини. Знајте дека можностите никој не ни ги пружа, ние сами ги создаваме. Создавајте можности со чесност, верба, мотивација, страст кон она што го работите. Тоа ќе ве направи успешни, а успешен е секој човек што прави позитивни промени и вредности, им порача Митовски на матурантите, со акцент да не заборават од каде потекнуваат и секогаш своето училиште и својот роден град да ги почитуваат и со гордост за нив да раскажуваат.

Во понеделникот, на сметките на сите матуранти од СОУ Ѓорче Петров, од буџетот на Општина Крива Паланка им беа префрлени по 3000 денари, согласно новововедената мерка за субвенционирање и поддршка на младите.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK