Советот на Општина Битола да продолжи со работа, е пораката од министерот за локална самоуправа Ристо Пенов, кој денеска беше во работна посета на Битола, а по повод несогласувањата во општинскиот Совет и прекинот на последната седница.
-Последната седница на Советот на Општина Битола е неправилно прекината, точките што се изгласани до прекинот на седницата не се потпишани и тоа е прекршок. Продолжението е одржано со потребно мнозинство, а за изгласаните точки за да не прејудицирам, очекувам потврда од инспекторатот. Но, во секој случај треба да се направи напор седницата на Советот на Општина Битола да продолжи.Најдобро е да се постигне договор и да се работи во интерес на граѓаните, изјави министерот Пенов.
За утре напладне, претседателката на Советот на Општина Битола, Габриела Илиевска закажа вонредна седница на Советот на Општина Битола.