Едукативна презентација „Читањето е супер моќ“ во ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“

opshtini
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“, во соработка со издавачката куќа „Арс Ламина“, денеска се одржа едукативната презентација „Читањето е супер моќ“, во рамките на кампањата за поттикнување читачки навики кај децата, а ја поддржаа Филозофскиот факултет при УКИМ и Здружението за дислексија „Ајнштајн“. На настанот беа понудени конкретни стратегии, алатки и методи за поттикнување на читањето во насока на поддршка на наставната програма, соопшти Општина Центар.

На едукативната презентација учествуваа директори, библиотекари, наставници и вработени од Одделението за образование при Општина Центар, со цел вклучување на наставниот кадар од осумте основните училишта во мисијата за поттикнување и развивање на когнитивните способности кај учениците.


Иницијативата за развој на читачката култура кај децата ја поздрави и градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, кој потенцираше дека интернетот и видеоигрите се премногу застапени во секојдневјето на децата.

– Соработката помеѓу родителите, наставниците и книжевната фела треба да помогне за да се поттикне интересот за читање книги. Преку пренесување на љубовта кон пишаниот збор се создаваат нови генерации млади читатели. Целта на кампањата, освен подигнување на јавната свест за читање, е и да го негуваме македонскиот литературен јазик и правилното изразување, изјави градоначалникот Герасимовски

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK