Во Делчево презентиран проектот ,,Заедно за здравје”

opshtini
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во Делчево презентирани активностите од проектот „Заедно за здравје” (United Wellnes Project) креиран од страна на Здружение на Лекари Специјализанти – ЗЛС. За таа цел во просториите на гимназијата „Методи Митевски – Брицо” се одржа работилница за здрава храна и здрави животни навики, на која учество зедоа средношколци и професориод гимназијата. Главна цел на проектот како што истакнаа организаторите е обединување на трите аспекти на здравиот живот како исхрана, квалитет на сон и физичка активност, нивна промоција и обезбедување на лесно достапни информации за младите луѓе.

-Зголемената стапка на млади лица со прекумерна телесна тежина, како и зачестеноста на кардиоваскуларните болести кај постарата популација, создаваат потреба за промоција на здравствената писменост и здравите животни навики помеѓу младите во нашата земја и затоа идејата зад овој проект произлегува од потребата за промовирање на здравите животни навики помеѓу младите луѓе кои живеат во Република Северна Македонија, истакнаа организаторите на настанот.


Како крајна цели од оваа активност е промовирањето на важноста на здравиот начин на живот помеѓу младите луѓе во Република Северна Македонија.

-Исто така целта е да се влијае врз креирањето и имплементацијата на јавните политики и регулативи кои ќе овозможат избор на здрави животни навики од страна на средношколците и адолесцентите. Лесната достапност до информации за младите кои се соочуваат со нетолеранција кон одредени видови храна и насоки како да креираат едноставни планови на исхрана, кои се соодветни за нивната здравствена состојба се исто така битна алка во реализацијата на овој проект, додадоа од Здружението на лекари специјализанти.

Проектот „Заедно за здравје” се реализира со финансиска поддршка од Европската Унија преку Еразмус плус програмата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK