Отворена манифестацијата „Денови на култура во општина Илинден 2023”

opshtini
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Со одржување на низа настани во Домот на култура Илинден започна традиционалната 24-тата манифестација Денови на култура во општина Илинден”, во соработка со Друштвото на писателите на Македонија.







Во духот на соработката и пријателство меѓу Општина Илинден и ДПМ, одржана е трибината под наслов „Идентитетот како книжевност, книжевноста како идентитет“ на која учествуваа еминентни писатели и литературни критичари: проф. д-р Христо Петрески, Претседател на ДПМ, Ефтим Клетников, проф. д-р Гоце Ристевски, а модератор на трибината беше проф. д-р Кристина Николовска.

– Трибината отвори серија важни прашања за кои писателите, интелектуалците како авангарда на општеството изнесоа свои ставови. Беше истакнато дека е потребно да актуелизираат важни теми на нашето сега и овде, но и теми кои се од суштинско значење за нашиот идентитет, опстој и афирмација, соопштија денеска од Општина Илинден.

Во рамки на манифестацијата се одржала креативна работилница „Имагинарница” на тема „Како се создава литература за деца и млади ” со учество на писатели на ДПМ и ученици од основните општински училишта од општина Илинден.

Одржано е и традиционалното Литературно матине за деца „Пролетно поетско будење на Илинден”, на кое учествувале истакнатите македонски писатели за деца и млади, како Горјан Петрески, Ели Маказлиева, Мито Спасовски, Перо Миленковски, Васил Мукаетов, како и Христо Петрески.

По повод Меѓународната Литературна манифестација Општина Илинден распиша литературен награден конкурс на тема „Творам за Илинден” за учениците од општинските основни училишта, при што на Литературното матине за деца биле прочитани и наградените песни, а на учениците градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски им доделил пригодни награди.

Како дел од манифестацијата е отворена и ликовна изложба на Леетив Намдаг Жанчивин, Конзул на Монголија во Република Македонија, со наслов „Современа Монголска калиграфија во графика”, каде љубителите на ликовната уметност имаат можност да погледнат околу 30-тина уметнички дела. Изложбата ја отворил градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски, а за уметникот и неговото уметничко творештво говореле академскиот уметник Новица Трајковски, универзитетскиот професор и академски сликар Димитар Малиданов, како и Александар Ристевски, етнолог културен работник во Националниот музеј на Македонија. По завршувањето на изложбата настапиле и членовите на Ансамблот за народни песни и игри „Илинден” како и бендот „Етно состав Илинден”.

Централниот настан на манифестацијата, поетската вечер „Нашинска, татковинска” посветена на современата македонска родољубива поезија ќе се одржи денеска со почеток во 19.00 часот, а ќе настапат повеќемина реномирани македонски поети. Свој настап ќе има и Ансамблот за народни инструменти и песни „Стефче Стојковски”.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK