Битиќи со делегацијата на ЕП: Преземаме сеопфатни реформи за интеграција во Европската Унија

vlada
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Мерките на Владата во справување со економската и енергетската криза, како и реформите кои се неопходни за остварување на стратешката цел за членство на Македонија во ЕУ, беа во фокусот на средбата на вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи на средба со европската парламентарна делегација, предводена од европарламентарецот Андреас Шиедер, на која присуствуваше и евроамбасадорот Дејвид Гир.

Како што соопшти владината прес-служба, потпретседателот на Европскиот парламент, Виланд, во воведното обраќање нагласи дека  Македонија е од исклучително значење за ЕУ и дека ги препознаваат реформите кои нашата земја ги спроведува во нејзините напори за членство во Унијата.


Битиќи подетално ги информираше членовите на европската делегација за напорите кои ги правиме и за значителниот напредок во исполнувањето на критериумите за пристапување во ЕУ, за што презедовме сеопфатни реформи во различни сектори, со што ја покажавме нашата посветеност за забрзано усогласување со европските стандарди и целосен респект за европските вредности, стои во соопштението.

-Овие напори ги опфаќаат клучните области како што се владеењето на правото, независноста на судството, антикорупциските мерки, слободата на медиумите и заштитата на човековите права. Нашиот напредок е сериозен доказ за нашата решителност како Влада целосно да ги респектираме истите вредности, а членството во ЕУ, не само што ќе ја зацврсти нашата посветеност на овие принципи, туку и ќе обезбеди одржлива рамка за развој, економски просперитет и засилена регионална соработка, рече Битиќи.

Вицепремиерот се осврна и на мерките во економијата насочени кон стабилизирање на економијата и поттикнување на растот.

-Се фокусиравме на реформи за привлекување странски инвестиции, зајакнување на конкурентноста и стимулирање на претприемништвото. Иницијативите дадоа позитивни резултати и доведоа до зголемени странски директни инвестиции и отворање нови работни места, и покрај предизвикувачките околности, рече Битиќи и додаде дека Македонија има солидна институционална рамка и стратегија за промоција и олеснување на инвестициите.

Битиќи се заблагодари на огромната финансиска помош и на поддршката која ја добивме од ЕУ за време на енергетската криза, и која сè уште ја добиваме, преку ИПА, преку Инвестициската рамка за Западен Балкан и во форма на макрофинансиска поддршка, и притоа ги информираше европарламентарците и за домашните напори на Владата за време на енергетската криза, со субвенционирање на потребите на граѓаните за електрична енергија за 650 илјади домаќинства и за 70 илјади компании.

Тој се осврна и на анти-ковид мерките, со кои беа зачувани над 140 илјади работни места, и за последните мерки за замрзнување а цените, што резултира со намалување на инфлацијата. Комбинацијата на домашни национални мерки со поддршка и финансиска помош од ЕУ, даде конкретни резултати.

На средбата, вицепремиерот Битиќи беше придружуван од Каја Шукова, министерка за животна средина и просторно планирање, Дрита Абдиу Халили, државен секретар во Секретаријатот за европски прашања, Драган Тилев, државен советник во СЕП, и од членовите на неговиот кабинет.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK