ЈП „Пазаришта“ Куманово работи со добивка

opshtini
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Јавното претпријатие „Пазаришта“ Куманово за првите три месеци од годинава работи со добивка, информираше денеска директорот на претпријатието Гзим Кадриу.

Претпријатието реконструираше и три деловни простории и делумно административната зграда.


– Деловните простории се атрактивни. Веќе разговаравме со градоначалникот за изработка на проект за изградба на современ пазар. Јавноста знае дека пазарот датира од 1957 година и за жал досега нема капитални инвестиции или покрупни вложувања. Се надеваме дека ќе изработиме современ проект со кој ќе понудиме дополнителни содржини и за корисниците и за граѓаните, изјави Кадриу.

Во близина на пазарот веќе се гради современ трговски центар, општината ги реконструираше улиците, се најавува и кружен тек. Надлежните очекуваат поголем фреквенција на луѓе и зголемен број на граѓани.

– Како општина и како коалиција на локално ниво се преземаат мерки и инфраструктурни проекти важни за граѓаните. Очекуваме дека „Пазариште“ ќе биде атрактивно за сите. Пример, паркинг просторот претходно беше мал и недоволен за граѓаните, сега имаме повеќе места, изјави Кадриу.

Менаџерскиот тим е задоволен од интересот на закупците за деловни простории. Издадени се дел од просториите, склучени се договори.

ЈП „Пазаришта“ инвестираше и на сточниот пазар, поставени се нови огради, овозможени се подобри услови за функционирање.

– Задоволство ми е да потенцирам дека после десет години работа со загуба, ЈП „Пазаришта“ во првиот квартал забележа работа со добивка од 830.000 денари. Ова е успешна приказна и сакаме да докажеме дека во државата, не само во претпријатијата, генерално во сите институции може да биде подобро со волја и знаења. Верувам дека сме пример за сите претпријатија, изјави Кадриу.

Тој додаде дека сега за разлика од порано, вработените во претпријатието навреме земаат плата и К-15.

Претпријатието има 750 тезги, искористени се 470. Менаџерскиот тим изработува анализа и план за пазарот да одговори на современите потреби, преку проект за изградба на современ пазар.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK