„Завод и Музеј Струмица“ ќе ја конзервира и реставрира Спомен костурницата

opshtini
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

„Завод и Музеј Струмица“ изработува проект за конзервација и реставрација на Спомен костурницата во Струмица, во која се положени моштите на загинатите борци од НОАВ.

Според информацијата од оваа установа, Спомен костурницата е во многу лоша состојба.


– Дел од мермерот е искршен и нема осветлување. Патеката до споменикот е во лоша состојба, има нараснато многу бујна вегетација која го ограничува пристапот. Дел од споменикот е исцртан со графити, стои во информацијата.

Инаку, Спомен-костурницата во Струмица е започната да се гради во 1979 година, а моштите на загинатите борци во НОАВ со свечен чин биле пренесени и положени во саркофагот во 1982 година. Таа е дело на архитектот Благој Колев и градена е од бел мермер, а на платото е аулата со саркофагот од кафеав мермер.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK