Самит на Г7 посветен на поддршка на Украина, нови санкции кон Русија и притисок врз Кина

g7
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Лидерите на седумте економски најразвиени земји во светот на крајот на неделата ќе се сретнат на овогодишниот Самит на Групата седум (Г7) во Хирошима, каде најважни теми ќе бидат руската инвазија на Украина и зајакнувањето на економски притисок врз Кина.

Пред состанокот на шефовите на држави од 19 до 21 мај, финансиските претставници на Г7 ветија ограничување на инфлацијата, зајакнување на синџирите на снабдување и најавија воведување дополнителни санкции против Русија поради нејзината агресија врз Украина.


Најважната тема на овогодишниот самит на Г7 ќе биде руската инвазија врз Украина, на што симболично упатува и местото на одржување на Самитот – Хирошима, која беше десеткувана од американското нуклеарно оружје за време на Втората светска војна, објави магазинот Тајм.

Јапонскиот премиер Фумио Кишида, кој претседава со Г7 оваа година, во февруари вети дека ќе води „обединет фронт во решавањето на прашањето за Украина“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK