ЦИА ги поттикнува Русите да и достават разузнавачки податоци

cia
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) преку видео објавено на Телеграм ги повика незадоволните Руси, од политиката на претседателот Владимир Путин, да и достават разузнавачки информации за нивната земја.

Кратко видео на ЦИА покажува руски функционер заедно со неговата сопруга и дете во нивниот дом, очигледно имаат тежок живот и се прашуваат дали тоа се совпаѓа со нивните соништа.


Видеото сугерира дека Русите можат да бидат патриоти и да дејствуваат за да ги подобрат работите со обезбедување разузнавачки информации за ЦИА.

ЦИА сака да ја дознае вистината за Русија, а ние бараме сигурни луѓе кои можат да ни ја кажат таа вистина. Вашите информации можеби се повредни отколку што мислите, се наведува во видеото.

Американската агенција соопшти дека се надева дека ќе воспостави контакт со луѓе кои работат во разузнавањето, дипломатијата, науката и технологијата, додавајќи дека е заинтересирана за сите видови разузнавачки податоци, вклучително и политички и економски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK