„Зајакнување на Источното крило на НАТО” е насловена панел дискусијата со студенти што ќе се одржи денеска на Универзитетот Американ Колеџ Скопје.
На панел дискусијата, како што е најавено, ќе присуствуваат претставници од земјите од Вишеградската група и од Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија, кои ќе ги исложат своите ставови, по што ќе следат и прашања од студентите од Универзитет Американ Колеџ Скопје.
Воведно обраќање на панел дискусијата, организирана од страна на УАКС, Клубот на почесни конзули, Амбасадите од земјите на Вишеградската група и МНР на РСМ, ќе има проф. д-р Марјан Бојаџиев, ректор на УАКС.
Најавени панелисти се: Јарослав Лудва, Амбасадор на Чешката Република во Република Северна Македонија, Пјотр Висоцки, ршител на должност, Амбасада на Република Полска во Република Северна Македонија, Томас Стразау, директор на Словачката асоцијација за надворешна политика , Ѓула Сумоги, директор на одделот за безбедносна политика и непролиферација, Министерство за надворешни работи и трговија на Унгарија и Филип Тосевски, државен секретар, Министерство за надворешни работи на Република Северна Македонија.