Македонските фудбалери во септември против Бугарија на стартот во Лигата на нации

fudbalerki_reprezentacija_343534534
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Новоформираната Лига на нации на УЕФА во женска конкуренција ќе стартува оваа есен, а македонските фудбалерки во воведниот натпревар во рамки на Ц – дивизијата ќе ја пречекаат Бугарија на 22 септември.

Избраничките на селекторот Кирил Изов во вториот натпревар ќе го пречекаат Косово на 27 октомври, а реваншот против истиот противник е закажан за 31 октомври.


Во последното коло македонската женска фудбалска репрезентација ќе ѝ гостува на Бугарија на 5 декември.

Пласман во Б – дивизијата ќе обезбедат првопласираните репрезентации во петте групи, додека второпласираните ќе играат во плејофот за место во повисокиот ранг во Лигата на нации. 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK