Општина Кавадарци распредели по 180 илјади денари за мото фест во чест на 12 Ваташки младинци и за јакнење на доброволно противпожарно ,,Сашко Гешовски”

op kav
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев донесе решение за распределба на финансиски средства по јавниот повик за прибирање на предлог проекти по приоритетни области. За мото фест во чест на 12 Ваташки младинци и за јакнење на доброволно противпожарно „Сашко Гешовски” распределени се по 180 илјади денари.

Финансиските средства се распределени на повеќе граѓански организации.


Кавадарци проекти финансиски средства

– Распределбата е согласно насоките за подносителите на апликации по јавниот повик, прибирање на предлог проекти по приоритетни области, родова еднаквост и човекови права, негување на културата и културното наследство, младински иницијативи и вработување, социјална инклузија, заштита и спасување на животна средина, грижа за животните од програмата G1, појаснија денеска од кавадаречката локална самоуправа.

За музеј на џоломарите се издвоени 150 илјади, а за поддршка на деца со јазично – говорни потешкотии, 135 илјади денари.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK