МД „Илинден”-Тирана осум години рамноправен член на Федералната унија на европските националности

md
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

 Македонско друштво „Илинден“-Тирана, пред осум години беше примена во Федералната унија на европските националности (ФУЕН) највисоката малцинска организација во Европа. Од Друштвото велат дека од денот кога станаа членка на ФУЕН, односно од 2015 година до денес даваат голем придонес во евидентирањето и надминувањето на голем број прашања од интерес на Македонците во Република Албанија.

– Нашето друштво стана рамноправен член ФУЕН на конгресот што се одржа на денешен ден во 2015 година во Комотини,  Република Грција, во организација на Федерацијата на западно тракиски Турци во Европа, Здружение на дипломирани студенти на Западна Тракија и Партијата за пријателство, еднаквост, мир. Од тогаш до денес, даваме голем придонес во евидентирањето и надминувањето на голем број прашања од интерес на Македонците во Република Албанија, изјави за МИА Никола Ѓурѓај, претседател на друштвото.


Посочуваат дека континуирано работат на заштитата на етничкиот, јазичниот, културниот идентитет и националните традиции на Македонците во Република Албанија.

– Редовно учествуваме, во овие осум години, на сите конгреси на ФУЕН. На сите конгреси, Македонско друштво “Илинден”-Тирана поднесуваше резолуции чија содржина и намера беше подобрување на животот на Македонците во Република Албанија и сите беа едногласно  усвоени. Истите се пратени до сите државни албански  институции, како  и меѓународни институции кои се поврзани со малцинствата, нагласува тој.

Оценува дека овие резолуции придонесуваат за подобрување на положбата на Македонците во Албанија.

– Друштвото како рамноправен член во ФУЕН и како дел од работната група на словенските малцинства во Европа при унијата активно го покренува прашањето за Македонците во Албанија на меѓународната сцена. Во ова прилика упатуваме искрена благодарност до раководството на Федералната унија на европските националности за соработката и разбирањето покажано за интересите на македонското национално малцинство во Република Албанија, посочува Ѓурѓај.

Истовремено од име на друштвото и од Македонците  упатува искрена благодарност до Македонското меѓународно движење за човекови права од Канада и претседателот  Бил Николов.

– Благодарение на нивната помош  што ни ја даваат  друштвото за да ја платиме годишната членарина и да  останеме рамноправен член во ФУЕН. Посакувам да ни се множат јубилеите и пријателствата со сите народи и малцинства во Европа, посака Ѓурѓај.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK