Објавена најдобрата петорка во Евролигата

petorka
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Двајца играчи на Реал Мадрид и по еден од Партизан, Макаби и Олимпијакос се најдоа во најдобрата петорка за оваа сезона во кошаркарската Евролига, во изборот на тренерите и капитените, како и спортските новинари и навивачите.

Во идеалната петорка се најдоа Валтер Таварес и Џанан Муса од мадридски Реал, Матијас Лесор од белградски Партизан, Александар Везенков од атински Олимпијакос, како и кошаркарот на Макаби од Тел Авив, Лоренцо Браун.


Лесор, Муса и Браун прв пат во своите кариери се избрани во најдобрата петорка во Евролигата, Везенков втор пат, а за Таварес ова е трет пат да добие место меѓу петте најдобри кошаркари во најквалитетното европско клупско натпреварување.

Резервната петорка ја сочинуваат Кевин Пантер (Партизан), Никола Миротиќ (Барселона), Мајк Џејмс (Монако), Вејд Болдвин (Макаби) и Дариус Томсон (Басконија).

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK