Пригожин го демантираше написот во „Вашингтон пост“ дека и понудил на украинската Влада да и ја открие локацијата на руските трупи.

prigozin
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Евгениј Пригожин, командантот на руската паравоена група „Вагнер“, денеска го демантираше написот во „Вашингтон пост“ дека и понудил на украинската Влада да и ја открие локацијата на руските трупи.

Американскиот дневен весник во својата статија се повикува на протекување информации од американските разузнавачки служби.


Војниците на Вагнер со месеци се на линијата на фронтот кај Бахмут, украински град на истокот на земјата, кој се обидуваат да го освојат откако во зимата почна силната руска офанзива.

Според весникот, Пригожин во јануари и дал специјална понуда на Украина: ако украинските команданти ги повлечат своите војници од областа околу Бахмут, тој ќе му достави на Киев информации за позициите на руските трупи, кои Украина би можела да ги искористи за напад.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK