Општина Ресен ги заврши тридневните активности планирани во еко-акцијата „Генералка викенд“ која се реализираше во градот и на брегот од Преспанско Езеро.
Од тамошната локална самоуправа соопштија дека на првиот ден од акцијата учествувале ученици од општинските училишта каде е извршено чистење на училишните дворови, во текот на вториот ден од акцијата се чистеа крајбрежните патеки на Преспанско Езеро, а на третиот ден од смет беше исчистен градскиот плоштад „Цар Самоил“
-На брегот на Преспанско Езеро се чистеше во Претор, Сливница и Стење, а беа вклучени вработените на Општина Ресен и ЈКП Пролетер Ресен. Оваа акција е за поздравување и во иднина Општина Ресен ќе ги поддржува сите акции од ваков вид за создавање на чиста околина во која живееме, посочи градоначалникот на Општина Ресен, Јован Тозиевски.