ЕК: Европската економија е силна и покрај глобалните предизвици

evra
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

И покрај глобалните предизвици европската економија сè уште е силна, се наведува во денеска објавената пролетната економска прогноза на Европска комисија.

Во првиот квартал од оваа година, европската економија забележа умерен раст пред сè поради пониските цени на енергијата, силниот пазар на труд и намалувањето на проблемите поврзани со набавките. Умерениот раст е показател дека европската економија нема да влезе во рецесија.


Во првиот квартал растот на бруто домашниот производ во ЕУ изнесува 0,3 отсто во однос на претходниот квартал, а БДП во еврозоната порасна за 0,1 проценти.

Врз основа на успешниот почеток во првиот квартал, економските експерти заклучуваат дека европската економија ќе порасне за еден отсто во 2023 година, а за 1,7 проценти во 2024 година.

Бројките одразуваат малку поголем оптимизам во споредба со претходната прогноза што ЕК ја објави во февруари, предвидувајќи економски раст од 0,8 отсто во 2023 година и 1,7 проценти во 2024 година.

Според прогнозите на ЕК растот на БДП во еврозоната ќе биде 1,1 отсто во 2023 година и 1,6 проценти во 2024 година. Годишната стапка на инфлација во еврозоната се очекува да биде 5,8 отсто во 2023 година, а да се намали на 2,8 проценти во 2024 година. Од главните економски показатели се констатира дека економскиот раст продолжува и во вториот квартал. Европската централна банка (ЕЦБ) и другите европски централни банки се при крај на циклусот на зголемување на каматните стапки.

Следниот извештај на ЕК се очекува во јули.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK