Мобилна амбуланта за бесплатни гинеколошки прегледи во Новаци

opshtina-novaci
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во Општина Новаци почна со работа мобилна амбуланта во која се нудат бесплатни гинеколошки прегледи за жените од населените места од таа Општина, а со цел превенција од рак на грлото на матката.

Од тамошната локална самоуправа информираат дека сите жени на територијата на Општина Новаци, кои сакаат да извршат бесплатен гинеколошки преглед, вклучувајќи и ПАП тест, треба да се обратат или да се пријават на тел број 047-236-019 во Општинска ораганизација на Црвен Крст Битола за закажување на термин.


-Со работата на мобилната амбуланта очекуваме да се зголеми бројот на жени од ранливите групи и од руралните и оддалечените места кои ќе направат бесплатни гинеколошки прегледи и да се подигне свеста за важноста од редовни скрининзи. Контролите ги вршат гинеколози од Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство и повеќе болници во државата, информираа од Општина Новаци.

Работата на мобилнaта амбуланта е овозможена со поддршка на Министерството за здравство, Македонската асоцијација на гинеколози и опстетичари –МАГО, Македонското лекарско друштво, Црвениот крст и УНФПА – Фондот за население на Обединетите нации.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK