Ердоган ја повика опозицијата да го почитува „демократското пребројување на гласовите“

erdogan
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган ја повика опозицијата да избегнува да извлекува „избрзани“ заклучоци додека е во тек она што тој уверува дека е „демократско“ пребројување на гласовите.

– Секоја прерана проценка ќе значи ограбување на волјата на нацијата, напиша тој на Твитер, одговарајќи на забелешките од опозицијата дека водат според првичните резултати.


Тој им се заблагодари на своите поддржувачи и побара од луѓето ангажирани околу гласачките кутии да не ги напуштаат местата додека не се добие дефинитивен резултат.

– Им честитам на сите мои граѓани кои гласаа во име на демократијата и учествуваа во изборите и изразувам благодарност до секој од нив, напиша Ердоган.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK