Милитанти: Ракета од Газа по грешка истрелана кон Израел

izrael gaza raketi
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Од Газа денеска беше истрелана ракета кон јужен Израел, но палестинските милитантни групи рекоа дека лансирањето е техничка грешка и оти примирјето со кое заврши петдневниот конфликт, постигнато еден ден претходно со посредство на Египет, се уште важи.







Набргу потоа се слушнале експлозии во северниот дел на Појасот Газа. Палестинците известија дека Израел погодил во стражарска станица на милитантите. Засега нема коментар од израелската армија.

Непосредно пред зајдисонце, сирени се огласиле во израелските градови во близина на границата, по што жителите избегаа во засолништа само 20 часа по стапувањето во сила на примирјето. Израелската војска соопшти дека една ракета истрелана од Газа погодила отворена област.

Извор од заедничката оперативна соба на милитантните групи во Газа изјави дека ракетата била лансирана поради техничка грешка. Нема извештаи за повредени.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK